Екипата на Лабуништа прокнижи нови три бодови на табелата во Втората лига запад совладувајќи го составот на Генч Калемлер со 1-0 во последниот меч од четвртата рунда.

Човек на одлука на Градскиот стадион во Струга беше Игор Клечкароски кој биеше прецизно од белата точка во 25-та минута од натпреварот. Домаќините го задржаа водството до финишот и забележаа значајна победа со која се искачија на третата позиција на табелата.

Лидер на табелата после четири одиграни мечеви во западната второлигашка конкуренција е тимот на Струга Трим Лум кој има три победи и едно реми.

OhridNews