Стрелците на головите за Охрид во победата над Кораб (2-0), Ајрадин Цуцули и Шериф Реџепи се дел од тимот на колото во Втората македонска фудбалска запад и исток, составен од „Макфудбал.мк“.

Дефанзивецот Цуцули командураше со одбраната, а успеа и да го начне Кораб, постигнувајќи ги првиот гол. Офанзивецот Реџепи стави печат на победата, погодувајќи после маестрална контра во второто полувреме.

Во тимот на колото доминира Тиквеш со три фудбалери, по двајца претставници имаат Кит Го и Брегалница, а по еден Скопје и Осогово.

OhridNews

 

 

Видео: Охрид во два потези го матираше Кораб!

Оценки: Рапсодија во сино на „Билјанини Извори“

„Рибарите“ стартуваа со победа, Кораб без шанси на „Билјанини Извори“