Фудбалерите на Струга Трим Лум експресно им се вратија на победите во Втората македонска фудбалска победувајќи го Зајас со убедливи 5-1 во мечот од 18.коло кој го одиграа во Охрид.

Стружани на „Атина Бојаџи“ одиграа маестрален натпревар зачинет со пет погодоци. Водечкиот гол го постигна Благојче Главевски, а двата потоа беа дело на Антонио Каланоски. Четвртиот гол за стружани го постигна Главевски, а петтиот го реализираше Александар Целески.

Екипата на Лабуништа со трите голови во второто полувреме обезбеди триумф (3-1) на гостувањето кај Новаци во Битола. Со овој триумф Лабуништа ја продолжи позитивната серија и дојде на пет бодови од лидерот на табелата Гостивар.

Резултати: Локомотива – Македонија ЃП 0-1, Тетекс – Велазерими 3-0, Струга Триум Лум – Зајас 5-1, Гостивар – Еуромилк 3-2.

Табела: Гостивар 34, Македонија ЃП 32, Велазерими 31, Струга Трим Лум 30, Лабуништа 29, Еуромилк 27, Тетекс 23, Локомотива 19, Зајас 12, Новаци 7.

OhridNews