За охридските бели ова ќе биде жолт картон бидејќи не смее да не се отпатува на гостински терен без наведена причина. Ако уште еднаш “рибарите“ не отпатуваат или не одиграат натпревар на домашен терен ќе бидат суспендирани и префрлени во најнизок ранг.
Охридскиот фудбал за само една година го допре врвот и дното. Минатата сезона се натпреваруваа во Првата лига во еден момент стигнаа и до 4-та позиција на табелата, потоа следуваше целосно смена на играчки и тренерски кадар што испаѓањето беше неминовно.
Сезонава тргнаа одлично со млада екипа, која на почеток од сезоната ветуваше многу. Но, слабата финансиска конструкуција клубот го доведе во пропаст, се надевам не целосен.