Фудбалерите на Струга Трим Лум се искачија на врвот од табелата во Втората македонска фудбалска лига запад после триумфот над Кораб (2-0) во седмата рунда од шампионатот.

Стружани на домашен терен со по еден гол во двете полувремиња го скршија отпорот на второлигашот од Дебар и се вратија на победничките патеки. „Црвено белите“ во двата претходни натпревари претрпеа пораз од Гостивар 4-1 и ремизираа со Лабуништа 2-2.

Ритам со водечките екипи на табелата држи и составот на Лабуништа кој запиша три бодови на гостувањето кај Тетекс со победата 2-1. Од седмата до првата позиција бодовната разлика е четири бодови и трката за првата позиција дополнително ќе се разгорува.

Резултати: Генч Калемлер – Влазрими 2-3, Гоблен Јуниор – Скопје 0-0, Струга Трим Лум – Кораб 2-0, Тетекс – Лабуништа 1-2, Пелистер – Гостивар 2-1.

Табела: Струга Трим Лум 14, Гостивар 12, Влазрими 12, Лабуништа 12, Скопје 11, Генч Калемлер 10, Гоблен Јуниор 10, Кораб 7, Пелистер 5, Тетекс 4.

OhridNews