Второпласираниот тим екипата на Тиквеш ремизираше 1-1 на домашен терен против Беласица во воведниот натпревар од 15 рунда во Втората МФЛ.


Лозарите не ја искористија предноста на домашниот терен и по првите две рунди освоија само два бода што ги позиционира на вторато место со два бода помалку од лидерот Охрид, а еден повеќе од третопласираниот 11 Октомври.

В Недела се играат преостанатите натпревари, Охрид гостува кај Ринија, 11 Октомври ја пречеква Цементарница, додека Охрид Лоте на домашен терен ќе игра против Влазрими.

М.П.