После несреќниот пораз од Победа Јуниор на премиерата во втората лига охриѓани во второто коло гостуваат во Кавадарци кај Тиквеш. “Лозарите“ во првата рунда на гостински терен одиграа без голови против Гостивар.

Прва свирка на мечот Тиквеш – Охрид 2004 е скопјанецот Никола Костенчев а помошниците му се сограѓаните Божиноски Никола и Миланов Биљана. Четврти судија е Цветкоски Игор.

Мечевите од втората македонска фудбалска лига се играат в сабота со почетокот од  17:00 часот.

Мх.П.