Екипата на Струга Трим Лум ја забележа првата победа во втората полусезона во Втората лига совладувајќи го тимот на Македонија Ѓорче Петров со 2-0 пред своите гледачи, додека Лабуништа извлече бод на гостувањето во Скопје ремизирајќи 1-1 со Еуромилк во 16-та рунда од првенството.
Творец на победата на стружани на домашен терен беше охриѓанецот Антонио Каланоски, кој во 17-та минута го отвори резултатот. Дилемите околу победникот домаќините ги решија во 65-та минута со погодокот на Самед Шеји.
Лабуништа до бод кај Еуромилк стигна со погодкот на Неџми Реџепи во 84-та минута. Претходно домаќините поведоа на стартот од второто полувреме преку Валентино Рафески.
Струга со триумфот во дербито со „лавовите“ ја продолжи трката за водечките места, додека Лабуништа мирно и сигурно чекори во второлигашкото друштво.
Резултати: Локомотива – Тетекс 0-0, Струга Трим Лум – Македонија ЃП 2-0, Новаци – Велазерими 0-3, Гостивар – Зајаз 3-0, Еуромилк – Лабуништа 1-1.
Табела: Гостивар 31, Велазерими 28, Струга Трим Лум 27, Македонија ЃП 26, Лабуништа 23, Еуромилк 21, Тетекс 20, Локомотива 19, Зајаз 12, Новаци 7.
OhridNews