Екипата на Велешта забележа нова победа во Втората македонска фудбалска лига-запад, совладувајќи го Кораб од Дебар со 3-2 (0-1), во соседското дерби.

Велешта победата на домашен терен, во 23-та рунда од второлигашката конкуренција ја обезбеди пресврт во второто полувреме, откако после 45 минути игра имаше негатива 1-0. За Кораб реализираше Бљерон Муча во 44-та минута од мечот. Велешта со три голови во второто полувреме го сврти резултатот во своја полза. Мирлинд Даути, Емир Анруши и Диели Каба стрелаа во мрежата на гостите. Кораб до крајот постигна уште еден погодок и го ублажи поразот. Прецизен беше Мргим Дани од пенал.

Составот на Дрита со една нога е ранг подолу од Втората лига. „Црвено црните“ од Боговиње во директната пресметка со Кадино изгубија 2-1, а значајни бодови освои Тетекс, кој со 1-0 слевеше во Кичево.

  • Резултати:

Велазерими – Тетекс 0-1

Кадино – Дрита 2-1

Велешта – Кораб 3-2

Гостивар – Охрид 1-1

Табела: Скопје 48, Велешта 43, Охрид 40, Гостивар 38, Кораб 30, Велазерими 25, Тетекс 24, Кадино 24, Дрита 17, Вардар Форино откажан.

OhridNews

 

Охрид ремизираше со Гостивар