Фудбалерите на Охрид освоија еден бод на гостувањето во Гостивар, ремизирајќи 1-1 (1-0) со истоимената екипа, во 23-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

„Рибарите“ можат да бидат среќни и тажни за освоениот бод во Гостивар. „Рибарите“ играа и доминираа, но на крајот од мечот постигнаа погодок за реми. Во меѓувреме домаќините останаа со еден, па со двајца фудбалери помалку.

Казна за неефикасната игра во нападот во првиот дел охриѓани ги стигна во финишот од првиот дел, кога капитенот на домаќините Хакан Лимани погоди со глава за 1-0.

„Рибарите“ продолжија да напаѓаат, но реализацијата изостана. Во 79-та минута Валтртин Ќаили доби втор жолт и Гостивар остана со фудбалер помалку. Избраниите на Драган Бочески уште пожестоко нападнаа. Плод на комплетната теренска иницијатива дојде во 90-та минута кога Наум Вељаноски ја погоди мрежата за егал. Веднаш после изедначувачкиот погодок, Гостивар, остана со девет фудбалери во поле, после црвениот картон на Џемаил Есати. Охриѓани, во судиското продолжение, воглавно од прекини не успеаја да го загрозат голот на домаќините и да постигнат погодок за победа.

За „рибарите“ резултатот е позитивен и добра најава за соседското дерби против Велеште, кое ќе одлучува за позицијата број два на табелата.

  • Состави:

Гостивар: Абдули, Реџепи, Лимани, Шахини, Скендери (40` Велиу), Селмани, Есати, Гаши (82` Зендели), Зеќири, Ќаили, Белули

Охрид: Симоновски, Вељаноски, Маркоски, Цуцули, Трпески, Алији, Ѓорѓиески, Наумовски (61` Мазари), Реџепи, Митев, Целески (71` Кочоски).

OhridNews