Абдулах Умер, ученик во второ одделение при ОУ „Братство Единство“ од Охрид, под менторство на проф. Блеринда Усеини, го освои второто место за изработената честитка на конкурсот „Македонија земја на розите“, на кој учество зедоа голем број ученици ширум земјава.

ОУ „Братство Единство” на конкурсот учествуваше со бројни креации, литературни и ликовни творби, од кои на ниво на училиште посебно внимание привлече групната изработка на учениците од III одделение, под менторство на проф. Мерита Усеини- цвет од шпенигли.

OhridNews