Како што се наведува во објавата, спомен обележјето треба да е изведено од траен материјал (лиен во бронза или изработен од мермер) и да се вклопи во естетската целина со зададениот архитектонски проект, да се движи во насока на модерното уметничко видување на тематиката, со избегнување на реалистичната претстава на најголемите христијански идоли (Исус Христос, Св. Јован Крстител, Св. Богородица ….), истиот да се вклопува во просторот, да биде со максимална висина од 5 м, висината на понудената цена за изработка на идејното решение и за изработка и поставување на спомен обележјето за одбележување на Богојавление –Водици, да не биде поголема од 2 500 000 денари .
Местоположбата на која е предвидено да се постави спомен- обележјето, а дефинирана од страна на Советот на општина Охрид, е просторот помеѓу тротоарот од улицата „Коста Абраш“ и езерскиот брег.
Право на учество на Конкурсот имаат домашни уметнички лица .
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во рок од 15 дена од завршувањето на постапката. Најдобрите три идејни решенија ќе бидат наградени и тоа : Прва награда 60 000 денари, втора награда 20 000 денари и трета награда 15 000 денари.