Двајцата тренери контролниот натпревар го искористија за проба на некои варијанти, а во тоа подобро се снајдоа фудбалерите на Силекс.
Резултатот во првиот гол го отвори Павловиќ, а во вториот дел победата за кратовчани ја заверија Ѓоргиев и Велинов.
– Иако по втор пат победуваме второлигаш можам да кажам дека сум задоволен од играта на моите фудбалери. Од меч во меч ја подобруваме играта, и полека го гледам костурот на екипата за пролетниот дел од сезоната – истакна Петровиќ.