Предложени точки за дневен ред се: Усвојување на Деловник за работа на Младинскиот Парламент , верификација на мандатите на членовите, верификација на мандатите на органите, поделба и работа по работни групи и организирање на забава по повод формирање на Младинскиот Парламент.
На седницата ќе бидат презентирани и плановите за работа на Парламентот за 2011 година. По завршувањето на седницата предвиден е состанок на Координативното тело на парламентот, на која ќе се расправа за сериозноста од вклучувањето на младите во ова тело во реализација на предвидените активности.