Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, по втор пат ќе се сретнат во европскиот Парламент во среда со посредство на тројката европратеници Вајгл – Кукан – Ховит, објави „Телма“.

Тактиката и преговарачките стратегии, се држат во тајност и во двете партии, како и при првата средба од која единствениот исход беше расположението на двете партии повторно да се сретнат.

Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се барањата на СДСМ како појдовна точка за излез од кризата, услови кои засега се воопшто непроифатливи за власта, која изразува подготвеност за дијалог, но не за техничка или преодна влада или за какви било оставки.

Иако јавно побараа да бидат вклучени во разговорите, на средбата задутре нема да има претставник од ДУИ. Од партијата на Ахмети велат дека се уште е рано за тоа, бидејќи конретната ангенда за преговори не е на дневен ред, туку се уште се работи на помирување на двете партии.

Последната порака од Брисел што во Скопје ја пренесе шефот на белгиската дипломатија Дидие Рејндерс, е дека се очекува втората средба да донесе вистинскми дијалог и дека ЕУ очекува да се раасчистат сите дилеми околу легалноста на прислушувањето , но и самаат содржина. Поради длабоката политичка криза, чиј крај не се наѕира, за Македонија ќе се расправа и на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ идната среда.

OhridNews

Извор:„Телма“