Македонската репрезентација во Футсал ја совлада репрезентацијата на Либија со 2-1. Јованоски и охриѓанецот Левески беа прецизни за “црвено-жолтите“ додека домаќините почесниот погодок го постигнаа во финишот на првиот дел.


Двете контролни средби со Либија кои завржија со половичен успех беа генералка пред настапот на Македонија во квалификациите за ЕП. “Црвено-жолтите“ пласманот ќе го бркаaт во група со Португалија, Полска и Белорусија.

Мх.П.