Втората македонска фудбалска лига во наредната сезона ќе бори 16 клуба . Согласно одлуките на УО на ФФМ од 04 јули 2010 година,  бројот на клубови во втората лига изнесува 16, а се намалува за бројот на клубовите кои од страна на лиценцната комисија при ФФМ нема да добијат решение за натпреварување во втората лига, согласно член 2 од Пропозициите за втора лига 2010/2011.


Лани двата клуба од втората лига (Осогово и Милано) не добија решение од лиценцната комисијата при ФФМ, па така втора лига во 2010/2011 година броеше 14 клубови.


Согласно пропозиции за втора лига 2010/2011 испаѓаат 16, 15, 14, 13 и 12 пласираната екипа. Поради тоа што два клуба не добија Решение за лиценца за натпреварување во втората лига истата во 2010/2011 брои 14 клубови.  Од втората лига во натпреварувачката 2010/2011 година

ИСПАЃААТ три клуба : 14, 13 и 12 пласираната екипа од првенството.  Пласман во втората лига ќе

обезбедат петте прво пласирани клуба од третите лиги.


Трето пласираната и Четврто пласираните клубови во втората лига ќе играат бараж за влез во првата лига со Дeсетто  и Деветто  пласираните клубови од првата лига.

Ohridnews