Македонската вВтора лига тежи повеќе од првата. Во ниту една земја освен во нашата повеќе трофеи има во вториот фудбалски ешалон, отколку во првиот. Директен виновник за ваквите случувања е скопски Вардар кој своите десет трофеи од македонскиот шампионат ги пресли во втората лига.


Најголемиот македонски фудбалски бренд Вардар годинава ќе биде мамка повеќе за второлигашките екипи, а фудбалерите кои играат во втората лига по јачина ќе имаат неповторлива можноста да истрчаат на тревникот на Филип Втори во Скопје.

Вардар со десет трофеи пет во првенството и пет во купот, ја прави “атрактивна“ Втората лига каде ќе играат уште и поранешните прваци Македонија ЃП и Победа, сега под имињата (Треска, односно Победа Јуниор).

Прилепскиот тим покрај двете титули во шампионатот има освоено и еден куп. “Лавовите“ од скопската населба Ѓорче Петров во своите витрни имаат една титула и еден куп трофеј.


Низата ја заоокружува битолски Пелистер кој има искуство од играње во Втората лига. “Чекбарите“ имаат еден куп трофеј во своите витрини. Сето тоа води до бројка 16 трофеи освоени во првенството и купот.


14 трофеи ќе се “тркалаат“ низ терените во Првата македонска фудбалска лига. Од тимовите кои играат во елитата, најтрофејни се Силекс и Работнички кои освоиле пет пехари. Три во лигата, два во купот. Еднаш шампиони на Македонија биле Ренова и Шкендија, а по еден Куп пехар освоија Тетекс и Металруг.

Во моментов еден од најтрофејните македонски клубови Слога Ј. со шест освоени титули, три во лигата три во купот, се натпреварува во општинската лига, додека иста или слична судбина ги снајде Башкими и Цементарница кои по еднаш го освојувале трофејот во најмасовното клупско натпреварување.

М.Постоловски