Втори мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Денот на трудот кој се одбележува на 1. мај, оваа година се паѓа во недела, па согласно Законот за празници, понеделник е неработен ден, односно 2- ри мај.

Меѓународен празник „Денот на трудот“ кој се одбележува на првиот ден од месец мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Овој ден се празнува како знак за почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго, каде 40.000 работници штрајкувале со цел да издејствуваат воведување на осумчасовен работен ден.

OhridNews
извор: Makfaks