Од денес започна регистрацијата за учество на вториот Глобален инвестициски Самит за Македонија, кој од 8 до 10 октомври ќе се одржи во Охрид.

На самитот ќе се разговара за зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење. Како приоритетни за Македонија во глобалното опкружување таргетирани се секторите: Инфраструктура, транспорт и развој на теле-комуникациската и информатичкатаинфраструктура; Природни ресурси, енергија и обновлива енергија; Производство, истражување и развој; Развој на човечки ресурси.

Организаторот Македонија 2025 и оваа година очекува масовна посетеност со учество на повеќе од 300 македонски, компании од Дијаспората и други заинтерсирани странски инвеститори. Досега потврдени говорници на Самитот 2013 се: Мајк Зафировски – претседател на Македонија 2025, Др. Ченто Велјановски – Менаџер и Партнер во Кејс Асошиејтс, Др. Невенка Димитрова – Истражувач, Постар Директор на Филипс Центарот за Истражување, Министрите Веле Самак, Џери Наумоф и Иво Ивановски, Проф. Миле Терзиовски – Декан на Интернационалната Школа за Бизнис на Универзитетот Јужна Австралија, како и претседавачот и потпретседавачот на Самитот: Зоран Мартиновски и Ендрју Пејкоф.

OhridNews