На денешната седница на Владата е разгледан и прифатен Извештајот за првата меѓународна конференција во рамки на проектот Преспа форум за дијалог, а Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ги спроведе сите активности за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог во текот на 2022 година.

Вториот Преспа форум за дијалог начелно се планира да биде одржан, во форма на меѓународна конференција, во Охрид, во јуни 2022 година со учество на највисоките политички претставници на државата, на претседатели на држави или влади, политичари и дипломати од висок ранг од државите од регионот и од други европски и воневропски држави, како и на претставници на меѓународни и регионални организации – ООН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа, ОБСЕ, Советот за регионална соработка, ЦЕИ и други, информира владината прес служба.

На предвидените панели предвидено е присуство и на видни личности од академската, бизнис и медиумската заедница, граѓанскиот сектор и младинските организации.

OhridNews