Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија 6-ти јануари 2015 година (вторник), Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека пак 7-ми јануари 2015 година (среда), првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божиќ на граѓаните од православната вероисповед.

OhridNews