Вицешампионска позиција за Нина Балабан, четврта за Ангела Алексовска на меѓународниот Турнир со воздушно оружје, што се одржа на 17-18.05.2014 год. во Сандански Р.Бугарија.

Голем успех на Ангела Алексовска, која постигна резултат за 7 кругови поголем од минималната олимписка норма. И покрај ваквите резултати кои константно растат од натпревар на натпревар, надлежната институција во Македонија-Македонска спортска стрелачка федерација, не се одважи да ја пријави Ангела на престојниот светски јуниорски Куп во Сул, што воедно беше и последната можност за квалификација за младинската Олимпијада во Нанџинг, ниту пак до клубот испрати одговор на барањата за пријава на стелец на трошок на клубот.
Уште една млада јуниорка-Јана Маркоска, која има само 15 години, константно го подобрува својот резултат, па на овај турнир таа се пласира на 8-та позиција со резултат од 375,8 кругови.
Јуниорите пак Попоски Васко, Гоџоски Мартин и Попоски Антонио, ја немаа таа среќа да се закитат со медал. Тие во својата категорија се пласираа на 6-тото, 7-мото односно 8-мото место со резултати од 559,2 555,6 и 529,8 кругови.
Останува отворено прашањето-зошто ние како клуб ревносно работиме во градењето на овие млади спортисти, ако тие немаат можност да ги докажуваат своите квалитети и надвор од државава???
Ohridnews











