Утре (сабота) со почеток во 12 часот во водите на Охридското езеро втора година по ред ќе се одржи Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри.

Патеката на маратонот е кружна и ќе се плива помеѓу старото пристаниште, Хотелот Милениум и Хотелот Сити Плас. Првите на пливачи на целта се очекуваат некаде околу 14 часот.

Технички организиратор на Олимпискиот пливачки маратон е Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2018“, додека за регуларноста на патеката и маратонот ќе се грижат судии од Меѓународната светска пливачка федерација (ФИНА).

На првото издание минатата година во машка конкуренција триумфираше Бугаринот Венцислав Ајдарски, додека во женска победата и припадна на Василики Кадоглу од Бугарија.

OhridNews