Познатиот естраден уметник од Охрид, Петар Нечовски го освои второто место на интернационалниот фестивал „Пирин фолк фест“, што изминатиот викенд се одржа во градот Сандански, Бугарија.

Нечовски во конкуренција на 16 изведувачи од Балканот кои изборија настап во завршницата на фестивалот го освои високото второ место.

Ова е уште едно интернационално признание за Петар Нечовски, кој во Сандански настапи со песната „Кој пат да го фатам“ од авторите Димитар Павловски, Верче Арнаудова и Славко Ристески.

Фестивалот на кој изведувачите настапија во живо директно го пренесуваше нациналната бугарска телевизија и други 15 телевизии ширум балканот. 

OhridNews