По повод Илинден викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид, а во организација на Стрелачкиот клуб ,,Охрид,, и Општинскиот стрелачки Сојуз ,,Охрид,, од Охрид се одржа традиционалниот Турнир ,,Илинден,, 2014, на кој учество зедоа повеќе клубови и тоа од нашата земја, Р Бугарија и Р Србија.

Кај жените најуспешна беше Ирена Бачварова од СК ,,Сандански,, со резултат од 397,2 круга додека од нашите стрелци најдобро пласирана беше Јана Маркоска на 7-мата позиција со резултат од 377,9 кругови. Ангела Алексоска заврши на 9-тата позиција со резултат од 372,6 кругови.
Во екипна конкуренција најуспешна беше екипата на СК ,,Санел,, од Сандански со резултат од 1179 кругови, додека екипата на СК ,,Охрид,, беше 4-то пласирана со резултат од 1136,3 кругови.
Ohridnews











