Лимавади Јунајтед, клуб што се натпреварува во втората лига во Северна Ирска, испрати официјална понуда до Манчестер Сити за неговиот аргентински напаѓач Карлос Тевез. Сити одлучи на две недели да го суспендира Тевез откако овој одби да влезе во игра во натпреварот од 2 коло од Лигата на шампионите против Баерн од Минхен.


Менаџерот на „граѓаните“ Роберто Манчини по натпреварот изјави дека Тевез никогаш нема да настапи за неговиот тим.  Лимавади Јунајтед, клуб што во моментот го зазема осмото место во втората северноирска лига, испрати до Сити неверојатна понуда во која „нуди помош“ и е „подготвен да го прифати Тевез во својата екипа“, но под еден услов, платата да му ја исплаќа Сити. Аргентинецот наводно во Манчестер Сити заработува 220.000 фунти неделно.

Одговорот на Сити се очекува.

Ohridnews