Второлигашот Кил приреди голема сензација во Купот на Германија, елиминирајќи го Баерн Минхен после изведување на пеналите со 6-5. Регуларниот дел од мечот и продолженија завршија без победни 2-2.

Почетокот на натпреварот не наговестуваше никакво изненадување, бидејќи „баварците“ доминираа. Надмоќноста ја капитализираа со погодок во 14-та минута преку Серж Гнабри. Домаќините после примениот погодок почнаа да играат и креират по некоја шанса. Една таква реализираа во 37-та минута кога Бартелс ја погоди мрежата. Баерн Минхен на стартот од вториот дел ги врати работите на свое место, поведувајќи со 2-1. Стрелец беше Лерој Сане. Во 95-та минута кога сите очекуваа крај, Кил погоди за ново изедначување и продолжение. Во дополнителните 30 минути не се случи ништо и мечот отиде на пенали. Двете екипи ги реализираа петте пенали, а одлуката падна во шестата серија. „Баварците“ промашија, а домаќините погодија за голема победа против актуелниот германски и европски првак.

Баерн Минхен после 20 години не успеа да ја помине втората фаза во Купот на Германија. Титулата во „покалот“ ќе стане привлечна, бидејќи Баерн Минхен беше апсолутен фаворит.

OhridNews