Во општинскиот електро-машински-училиштен центар “Свети Наум Охридски” остануваат непополнети 34 места за дрвопреработувачката струка која од наредната учебна година првпат ќе се изучува во училиштето. За сообраќајната струка се предвидени две паралелки, а можат да се пријават уште 43 основци. За профилите од електро струката има 129, а за машинската 152 слободни места. Од ЕМУЦ “Свети Наум Охридски” информираат дека се намалени минимумот поени неопходни за запишување.
Во Средното училиште “Свети Климент Охридски” во гимназиското образование утре и задутре можат да се запишуваат уште 50 идни средношколци, за економската струка останаа 9, а за здравствената 12 слободни места.
Во средното угостителско-туристичко училиште ” Ванчо Питошески” по првото пријавување од првиот уписен рок за струката угостителско-туристички техничар останаа 13 слободни места, за готвачи 34 слободни места., а за келнерската струка има 57 непополнети места.












