На интернет се појави видеоснимка од една романска телевизија за тоа како гола жена влетува во ТВ-студиото среде пренос во живо и фрла цигла кон водителката Мирела Вајда.
На снимката се гледа и како режисерот веднаш реагира и се обидува да ја запре жената, но таа сепак успева да ја фрли тулата. За среќа, тврдиот предмет ја промаши водителката и падна близу неа.

„Што, по ѓаволите се случи овде?“, „Кога ќе помислиш дека си видел се…“ – се дел од коментарите на гледачите и следачите.
OhridNews












