Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, посочи дека е неопходно формирање на Заедница на српски општини и побара итно одржување локални избори во северниот дел на Косово.

Вучиќ на Инстаграм објави дека имал „конструктивна и многу фер средба“ со Лајчак.

Јас укажав на неопходноста од формирање на Заедницата на српските општини, најитно одржување на локални избори на северот на Косово и Метохија и побарав поддршка од ЕУ за запирање на натамошните провокации кои доаѓаат од Приштина, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека Србија е подготвена да ги исполни своите обврски, во согласност со меѓународните правни договори, притоа почитувајќи ги Уставот на Србија и Повелбата на Обединети нации.

OhridNews