Британскиот сој на коронавирус, кој се смета за позаразан и посмртоносен, стигна во Србија. Информацијата која произлезе од здравствените кругови ја потврди претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Вирусот го донела патничка од Лондон, која имала благи симптоми. Нејзиниот сопруг, пак, имал воспаление на двете белодробни крила.

Српските власти соопштија дека се идентификувани и лоцирани сите контакти и дека истите се следат.

OhridNews