Вниманието на навивачите на МЗТ Скопје и македонската јавност ќе биде фокусирано кон американецот Брендон Вуд кој е кошаркарот кој треба да му даде тон на играта на металците. Вели дека е одлично прифатен од сите во клубот и дека подршката која ја добива ќе ја возврати со добри игри на паркетот.
– Уште од првиот ден тимот, тренерот и управата ме прифатија одлично како дел од фамилијата и за еден играч кој доаѓа од далеку од САД како мене сигурно дека тоа е многу важно. Се чувстувам добредојден, и тоа ми дава дополнителна волја и желба да го покажам мојот квалитет – се првите импресии на амреиканскиот плеј, кој со тимот се подготвува во Охрид.
Ова е прво клупско искуство за Вуд надвор од САД. Со тимот на МЗТ посакува прво да го повтори ланскиот успех , но и да направи чекор напред во Јадранската лига.
– Како дел од проектот “атлети во акција“ сум бил во Полска и Германија, но тоа е по 2-3 недели, додека ова ќе трае осум месеци. Ова е за мене прво вакво искуство , завшршив лани во Мичиген колеџот. Знам дека МЗТ лани го освои шампионатот, ова ќе биде прва сезона во Јадранската лига, слушнав дека ќе биде тоа добра можност за одигрување на добри натпревари,сигурно дека ке се обидеме да победиме секого, но ќе биде важно во оваа година да видиме до каде сме и каде е нашето место во таа лига – вели Вуд.
Тимот на МЗТ на првиот тренинг имаше “жежок“ пречек од страна на навивачката група “Фемили“. Натпреварите на “металците“ се играат пред полните трибини, а Вуд очекува да им донесе уште повеќе причини за радост на следбениците на овој клуб.
– Гледав видеа на “Јутјуб“ пред да дојдам , но ова што го видов на лице место е навистина неверојатно, нешто што досега го немав видено. Навивачите не бодреа на тренингот, и морам да признаам дека беа во подобра форма од нас во моментов. Но кога имаш таква публика во грбот секако дека тоа е мотив повеќе и јас ќе направам се да извојуваме што повеќе победи и заеднички да ги славиме – рече Вуд.
Не познава многу од македонските кошаркари, слушнал за Лестер Бо Мекејлеб, а посакува да го надмине во неговите постигнувања и еден ден да заигра во НБА лигата.
– Не знам многу за него, од она што го слушнав е дека е доста успешен. Секако дека сакам да го повторам неговиот успех, но и да ги надиминам тие постигнувања. Мојата цел е НБА, желба на секој американец е да заигра во професионалната лига, дали тоа ќе биде за година, две три,не е важно тоа останува моја цел – завршува Вуд.
Поранешни ракометарки од Струга повторно се вратија на терен и формираа ветерански тим на ЖРК „Стружанка” Дел од нив се и поранешни репрезентативки на Југославија и Македонија во ракомет Се собрале...
Во рамките на 10 коло од Прва лига мажи, екипата на ГКК Охрид ја пречекува екипата на КК Вардар од Скопје во натпревар кој ветува борба, енергија и врвна кошарка Дерби исполнето со ривалство, страс...
Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во последниот натпревар пред паузата во првенството во Супер лигата Вечерва во Радовиш Охрид славеше над истоимениот домаќин 14:37 Во првенството сл...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.