Без поголеми проблеми Металург обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија. Во 1/2 финалето „металурзите“ го совладаа Зомимак со уверливи 31-25.

Сите посакуваат, а и реално е да се очекува Металург и Вардар да се сретнат во финалето од Купот.
– Блиску сме до титулата во македонскиот шампионат па затоа и во Охрид допатувавме растеретено. Секој меч со Вардар е своја приказна, која секако сакаме да ја добиеме – додаде популарниот Вуги.
Мх.П.











