Ракометарот на Металург и член на македонската репрезентацијата е одбран за најдобар ракометар на Балканот во изборот кој го спроведе интернет страната „Балкан Хендбол“.

Вугринец во дресот на „металурзите“ имаше брилијатна сезона постигнувајќи 95 погодоци во натпреварите од Лигата на Шампиони и беше двигател на играта и резултатите во тимот од Автокоманда.
Наградата за најдобар тренер ја освои Лино Червар, а Драган Аџиќ и Саша Бошковиќ ја поделија титулата во женскиот ракомет.
Суперѕвездата на Вардар СЦБТ, Андреа Лекиќ очекувано се закити со наградата за најдобра ракометарка.
Мх.П.










