Тренерот на Вардар ПРО, Веселин Вујовиќ беше пресреќен поради победа над Металург, но разочаран од тоа што Лино Червар не се појави на пресконференцијата по завршувањето на мечот.

– Ако мојата екипа загубеше на мечот со Металург јас ќе се појавев на пресконфенрецијата после мечот, но очигледно не мислиме исто со мојот противник Лино Червар. Се беше супер се додека не се опуштивме во тие последни пет минути кои можевме скапо да ги платиме. Мотивираноста кај ракометари пресуди за победникот во полуфиналето – рече Вујовиќ.

Металург уште пред почетокот на сезоната најавуваше дека настапот во СЕХА лигата е во втор план, а тоа се оствари на овој меч кога ракометари влегоа ноншалатно во игра.

– Уште пред стартот од мечот тие бараа алиби за својата калкулантска игра. Им посакувам многу среќа на Металург во Лигата на Шампиони и да обезбедат пласман во завршницата од најголемото натпреварување. Со тоа нашиот триумф против нив во СЕХА лигата ќе добие уште поголемо значење – заврши Вујовиќ.

Мх.П.