Прославениот светски ракометар Веселин Вујовиќ се врати на клупата на Вардар Ватростална. Вујовиќ има договор од 20 дена, во кои треба да се спаси се што беше пропуштено во сезоната која минува. 


“Црвено-црните“ стигнаа до полуфиналето од Купот на побендиците на куповите но тешкиот пораз од Гумерзбах 33-21 ги остави без шанса во реваншот.

Целта на некогаш најдобриот светски ракомет ќе биде освојување на трофејот во Купот на Македонија, каде вардарци се во полуфиналето заедно со Металург, Борец и Пелистер.

Финалниот турнир треба да се игра на 14 и 15 март, а РФМ се уште го нема одредено домаќинот.

М.П.