Хрватскиот златен сон повторно беше срушен во полуфиналето. Откако ја решија Франција, непремостлива пречка за “каубоите“ беше селекцијата “крвник“ на Македонија, Данска.


Не знам што ни се случува, ова е трето првенство по ред. Искрено ми се смачија овие мечеви за бронза, се обидувам да разберам што ни се случува но никако да извлечеме поука – беа првите импресии на Вуковиќ по поразот во полуфиналето.

По триумфот над Франција во четвртфиналето “мотиви до небо“ имаа хрватските ракометари и хрватската јавност, но нив ги приземјија ладните Данци.

– Нема што да коментирам.Пред се треба да им се извинам на сите, вака не се играат полуфинални мечеви, едноставно како да не бевме дојдени на мечот
– рече разочарано хрватскиот селектор Славко Голужа,

Хрватска на европскиот шамионат лани во Србија, во малото финале ja совлада Шпанија со 31-27.

Мх.П.