В четврток со почеток во 17 часот на стадионот „Атина Бојаџи“ во финалето од општинскиот фудбалски Куп ќе се сретнат екипите на Вулкан и Сатеска.


Финалето во купот е предигра за завршницата од Општинската фудбалска лига во Охрид, по што ќе се дознае која екипа ќе му се придружи на Вулкан во Третата македонска фудбалска лига.

Мх.П.