Првиот дел од финалето заврши без голови. Најдобрата прилика за подогок ја имаше тимот на Вулкан, но Блажески не успеа да реализира од белата точка.
Погодоците и возбудувањата не изостонаа во вториот дел. Аполески со маестрелен гол го отвори резултатот. Истиот фудбалер десет минути подоцна зголеми на 2-0. Третиот погодок за Вулкан го постигна Блажески. Почесниот гол за Дебрца го постигна Мурџоски од слободен удар.