Wizz Air ја објави новата рута од Скопје до главниот град на Унгарија, Будимпешта. Најновата услуга на Wizz Air ќе започне на 2-ри април и ќе се спроведува два пати неделно, во среда и недела. Седиштата се веќе на продажба и можат да се резервираат по цени од 1.199 денари на wizzair.com

Првиот лет на Wizz Air од Скопје, полета во јуни 2011-та година и од тогаш авиокомпанијата постојано ја проширува македонската мрежа. Во октомври 2012-та година, Wizz Air ја утврди базата на работење во Скопје и сега брои три авиони и повеќе од 80 вработени во главниот град на Македонија. Минатиот јуни, авиокомпанијата започна со летови и од вториот македонски аеродром, во Охрид.