„ Има нешто магично при пристигнувањето во град за кој претходно никогаш не сте слушнале, а кој веднаш ве освојува со неговата убавина и гостопримство. Пред да го посетам Охрид не знаев ништо за градот и Македонија и самото изненадување од она што го видов придонесе уште повеќе да уживам“, пишува во својот текст уредничката на Yahoo, Џо Пиаца, споредувајќи го Охрид со брегот Амалфи во Јужна Италија.
Во својот текст авторката која има посетено многу места на сите континенти и работела за најпознатите светски весници, пишува за црквите во „ Балканскиот Ерусалим“, за охридскиот бисер и со воодушевување раскажува за своите прошетки низ стариот дел од Охрид, крајбрежјето, езерото, како што вели градот кој заслужено е под заштита на УНЕСКО.
OhridNews
https://www.yahoo.com/travel/ohrid-europes-secret-gem-youve-never-heard-about-97734125172.html