Низа нерегуларности се забележани при спроведување на изборите во Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца реагираат група на пензионери. Крсте Спасески, член на Здружението, во емисјата „Напладне“ На OhridNews вели изборите се нерегуларни бидејќи претседателот и секретарот особено кај нивните месни ограноци закажувале изборен состанок на датум утврден со станица, но тајно пред состанокот два-три часа или друг ден одржувале состанок со пет до десет пензионери и избирале тајно, со што повторно се избрани во органите односно раководството на Здружението.
На конститутивната седница која ја одржавме добија мнозинство со четири-пет членови повеќе и ги добија изборите и тие истите се повторно избрани за претседател и секретар на Здружението. Веќе ги обжаливме нерегуларностите во Здружението и ќе бараме преку судските органи да се поништат изборите во шест изборни ограноци, посебно каде што се избрани претседателот и секретарот со по пет-шест членови на тајни состаноци и уште на некои други состаноци каде тајно и нерегуларно се избрани членови. За прв пат оваа година избраа седум членови на изборна комисија, а сите изминати изборни циклуси се избираа по тројца членови. Овој пат по седум, за по секоја цена да ги добијат изборите, потенцира Спасески.
Побаравме став и од актуелното раководство на Здружението во врска со обвинувањата од каде изборниот процес го оценуваат како регуларен.
Членовите на собранието со мнозинство гласови од присутните членови на конститутивната седница на Собранието одржана на 18 март донесе одлука и го усвои предлог извештајот поднесен од изборната комисија за одржаните пензионерски избори кои биле регуларни и спроведени во сите месни ограноци на Здружението на кои непосредно се избираа членовите на месните одбори од кои пак од своите редови си избраа претседател и заменик. Потоа се избраа членови од месните ограноци за претставници-членови за во собранието на Здружението за мандатниот период од 2023 до 2027 година, велат во соопштението.
Потенцираат дека по донесената одлука со која бил усвоен извештајот било побарано од членот Љупчо Настоски да се изврши поединечно гласање, по кое повторно била донесена истата одлука со мнозинство гласови.
Од страна на десет членови предводени од Настески седницата беше напуштена, а собранието продолжи да работи и беа избрани верификациона комисија, кандидациона комисија, се донесе деловник за работа на Собранието за периодот од 2023 до 2027 година, за претседател на собранието беше избран Ристе Трајкоски, а членовите на извршниот одбор на одржаната седница за претседател повторно го избраа Ѓорѓи Трпчески, додаваат во соопштението.
OhridNews













