Околу педесетина велосипедисти од клубови од Македонија и регионот ќе земат учество на велоспeдскиот маратон околу Охридското езеро во организација на клубот за екстремен велосипедизам “З`ш Точак“ и Вила Милка.


Должината на рутата е околу 100 километри, а таа ги опфаќа сите населени места в долж крајбрежјето на езерото, почнувајќи од Рача, Пештани, Трпејца, Љубаништа, преку Поградец, Албанија па продолжува низ Радожда и Калишта.

–  Времетраењето на турата се очекува да биде 7 часа, за најбрзиот ќе следува викенд во Вилата Милка, додека за  вториот и третиот,  апарати од домаќинството – вели Вера Блажевска од клубот “З`ш Точак“.

Стартот на трката ќе биде во 10.30 пред вилата Милка.

OhridNews