Околу 1.500 гости од странство ќе го посетат Охрид за првомајските празници. Хотелите се резервирани околу 70%, а најмногу гости се очекуваат од Србија, Бугарија,  Албанија и помали групи од Грција.

Според хотелиерите оваа година посетеноста на странски гости ќе биде послаба отколку лани, а се очекува и помал број гости од земјава бидејќи празникот не е споен со викендот.Сепак за 1-ви мај во Охрид се очекуваат околу 10.000 домашни гости.

Првомајските празници традиционално се репер за тоа каква ќе биде главната туристичка сезона. Хотелиерите годинава очекуваат бројот на странските гости да се зголеми, а најмногу туристи според веќе склучените аранжмани и ова лето ќе има од соседните земји.