Три патнички авиони со околу 200 патници се нашле  на рута на којашто речиси бил сигурен нивниот судар над аеродромот „Reagan National“ во Вашингтон, објави вчера „The Washington Post“, пренесува „Макфакс“.

Контролата на летање насочила два авиона во полетување точно кон трет кој се подготвувал за слетување. Сите три авиони ѝ припаѓале на компанијата „US Airways“, потврдиле од сојузните власти кои за весникот рекле дека биле известени за случајот.


Сите три авиони крајот среќно стигнале на своите дестинации, но за влакно бил избегнат судар кој според весникот е само уште една од неколкуте илјади грешки на американската контрола на летањето во последните неколку години.

Аеродромот „Reagan National“ се посочува како најистакнат во смисла на бројноста на инцидентите. Минатата година откриен бил случај во кој еден контролор на летањето спиел и не реагирал кога регионалниот контролор сакал да му предаде авион за слетување.

Последниот инцидент се случил во вторникот околу 14 часот по локално време, во моментот кога голем број пристигнувачки летови чекале ред за слетување на главната писта. Меѓутоа се приближувала бура и поради ветрот контролата од Варентон сакала да ја измени траекторијата на слетувањето.

Контролата во Варентон го јавила планот на контролата на летањето на Reagan National. „Контролната кула се согласи, но таа информација не ја проследила на оние коишто требаше“, изјавил сојузен фунцкионер запознат со случајот, но без официјално одобрување да зборува за инцидентот.

Оттаму се случило еден авион да добие дозвола за слетување да се најде свртен директно наспроти два други авиона кои штотуку полетувале. Според бризната со којашто летале воздухопловите, аеродромските власти заклучиле дека биле далеку 12 секунди од директен судар кога контролната кула ја открила грешката.

OhridNews
извор:„Макфакс“