Kadmo beach & bar

Од 28.07.2019 - 22:00 до 14.07.2019 - 02:00

Култниот музички состав „Суперхикс“ кој оваа година одбележува 25 години постоење на сцената, на 28 јули ќе одржи концерт во „Kadmo beach & bar“ во Охрид.

Еден од најпопуларните и најуспешни македонски бендови „Суперхикс“ е формиран како тричлен состав во 1993 година, а првиот настап го имаше во легендарниот скопски клуб „Дорс“ на 3 март во 1994 година. Вистинскиот подем на групата почнува со проширувањето на поставата со дувачка секција, проследено со издавањето на првиот албум во 2001 година.

Карти за концертот на „Суперхикс“ во Охрид, можат да се најдат во претпродажба по цена од 200 денари во „Kadmo beach & bar“, како и во „Kadmo bar“ во центарот на Охрид.

Повеќе информации и резервации на: 078 288 365.

Концертот почнува во 22 часот.