На 36 ученици од Основното училиште “Григор Прличев” денес им беа доделени Меѓународни сертификати по англиски јазик од Универзитетот Кембриџ.

Сертификатите ги додели претставник од Амбасадата на Велика Британија во Македонија, Џерард Мек Гурк, кој истакна дека му претставува особена чест да ги додели признанијата на учениците кои постигнале извонредни резултати во изучувањето на англискиот јазик.


– Не е значаен само сертификатот, туку знаењето, трудот и времето кое овие ученици го вложиле за да ги постигнат резултатите.  Се надевам дека за нив ова ќе е поттик за учење на јазикот, а и пример за останатите ученици да си постават образовни цели и да изучуваат повеќе јазици. Овие сертификати ги администрира Британскот совет во Македонија кој слави 15 години од неговото постоење во Македонија и доделувањето на сертификатите е најдобар начин да се одбележи јубилејот, рече Мек Гурк.


Според професорката Елена Пендова, денешната посета и доделувањето на сертификатите значи многу за учениците, затоа што ги мотивира за понатамошно изучување на јазикот.



OhridNews