Жени од другите градови од земјава и од соседна Србија ќе го исполнат Охрид за празникот 8- ми март. Најави има за над 80% исполнетост на хотелските капацитети, но како што велат од ХОТАМ, потврди за резервации се очекуваат во текот на денот и утре- на самиот ден на пристигнување.


Станува збор за дводневни и тродневни аранжмани. Најавени се гости од цела Македонија и Србија, каде традицијата на славење на празникот сеуште постои.Најавени се и гости од Албанија, но во помал број, вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески.

Најголемиот број од охриѓанките пак, за празникот ќе патуваат во Истанбул, но не е мал интересот и за патувањата во Виена, Банско, Будимпешта и Италија, велат од охриските туристички агенции.

OhridNews