Во акцијата за возобновување на опожарениот манастир Св. Јован Бигорски досега се собрани околу 250 илјади евра. Тоа според проценките претставува само 5% од потребните средства за обнова на делови од манастирот кои изгореа поради неисправна електрична инсталација.
Првично штетата од пожарот беше проценета на 5 милиони евра, но од МПЦ најавија дека реалната штета ќе се знае по завршување на проценката која е во тек.
Проектот за возобновување на манастирот Свети Јован Бигорски се очекува да биде готов до март. Возобновувањето на овој значаен православен храм несебично го помагаат и голем број охриѓани.












